We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Cudna slucka so kuceto vo nokta (muzika za teatarska pretstava)

by David Angelevski

/
  • Streaming + Download

    Includes unlimited streaming via the free Bandcamp app, plus high-quality download in MP3, FLAC and more.
    Purchasable with gift card

      €6 EUR  or more

     

1.
2.
Pismo 03:20
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
3558 03:08
11.
12.
13.
Metrosfera 04:05
14.
15.
16.

about

David Angelevski - Cudna slucka so kuceto vo nokta (muzika za teatarska pretstava) LP [Sharla LP/DR081] Skopje, MKD 2022.
Снимено во ФК Градски Ѕид во период помеѓу октомври - декември 2021
Mastering: Studio Klarion

Original music score for the play 'The Curious Incident of the Dog in the Night-Time' based on the book by Mark Haddon, adaptation by Simon Stevens. Directed by Zoja Buzalkovska. The premiere has been staged at Drama Theatre Skopje on 29.12.2021.

,,Чудна случка со кучето во ноќта'' е театарска претстава во режија на Зоја Бузалковска, според истоимениот роман на Марк Хадон и адаптацијата на Сајмон Стивенс. Претставата е поставена во Драмски театар Скопје, премиерно на 29.12.2021.

credits

released November 23, 2022

Драмскиот текст Чудна случка со кучето во ноќта (The Curious Incident of the Dog in the Night-Time) од Сајмон Стивенс е всушност адаптација на популарниот, истоимен роман на Марк Хадон од 2003 година. Овој роман освои 17 престижни награди, меѓу кои и Whitbread Award. Адаптацијата е напишана во 2012 година и со успех изведена прво во Националниот театар во Лондон, а потоа преместена на Вест Енд, во Аполо Театар, како апсолутен хит и една од најнаградуваните претстави во Британија, со седум „Оливие“ награди во 2013 година. Потоа патува и на Бродвеј, каде ја добива и наградата „Тони“ за најдобар текст во 2015 година. Чудна случка со кучето во ноќта се враќа на репертоарот во Вест Енд на крајот на 2018 година и се игра во уште еден циклус до април 2019 година.

Сместена во Свиндон и Лондон, приказната се однесува на 15-годишниот Кристофер Џон Фрaнсис Бун, математички гениј, кој има неспецифицирано нарушување од аутистичен спектар, иако неговата состојба никогаш не е експлицитно изречена во драмата. Кристофер треба да разреши една мистерија. Некој го убил соседското куче со вила и тој е осомничен и приведен, па условно ослободен. Сакајќи да открие кој го убил Велингтон и одејќи спротивно на желбите и заповедите на татко му, Кристофер започнува истрага за убиството на кучето, поставувајќи прашања и запишувајќи ги своите постапки и сознанија во книга. Кристофер никогаш претходно самиот не отишол подалеку од крајот на улицата, но детективската работа го носи во опасно патување кое го распаѓа целиот негов дотогаш познат свет. Космосот на оној кој „не може да лаже“ (што е во дефиницијата на неговата состојба) е тектонски изместен во судирот со хипокризијата.

Она што Чудна случка со кучето во ноќта ја прави возбудлив материјал е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се постави еден ваков текст е исклучително важно. Претставата им се спротивставува на предрасудите и стереотипите на најдиректен начин. Зашто, драмата отвора многу прашања: „што е нормално, а што не“; каков е дијалогот на „заостанатиот во развојот“ со „напредниот“; зошто треба да се сожалува или да се успорува еден брилијантен ум, кој совршено добро се снаоѓа во лавиринтите на математиката и на физиката; каква е перцепцијата на другиот од позиција на моќ и можните жртви на таквата перцепција и сл. Овде се сериозно ставени на испит прашањата за фамилијата, семејството, довербата и изневерените очекувања. Фантастична и крајно луцидна приказна на односи преку толку специфичниот свет на Кристофер Бун. А во тој свет не постојат лаги, нема концепт за толеранција на неискреноста. Постои само вистина. И затоа е тој свет толку посебен и нежен.

Во претставата, тоа е точка на гледање која го одредува секој детаљ на сцената – боите, формите, костимите, сценографските елементи, темпо-ритамот, музиката и звуците.

Освен тоа, Чудна случка со кучето во ноќта е текст со навистина оригинална структура и стил на пишување, кој подразбира динамична постановка, со брзи пресврти и игра во која буквално еден потег, едно движење, еден гест, една реплика ги менува околностите, амбиентот и односите меѓу ликовите. Практично филмскиот јазик што го наметнува авторот, преку постојаното движење на главниот лик во потрага по вистината за мистериозната случка, промената на многу локации и патувањето во Лондон, ме доведе до комбинација на два пристапи, едниот од кои театарски, а другиот повеќе спортски, кои се денес лесно споиви и компатибилни. Тоа се мејерхољдовата биомеханика и free running или parkour вештината. Прецизноста во приодот го дефинира односот кон материјата уште во самиот почеток, во насока на градење на минималистичка, чиста игра на математички пресметан мизансцен, каков што е и светот на Кристофер.

Да се пишува музика за една ваква претстава значи да се нурне длабоко во светот на Кристофер Бун, да се разберат сите негови постапки и реакции, понекогаш многу неочекувани, секогаш потполно искрени. Прашањето што се поставува е како звучи неговата перцепција на светот што го опкружува, неговото доживување на луѓето и на појавите? Овде музиката станува неговиот внатрешен глас, неговите мисли и емоции, неговата паника од хаосот околу него и неговото спокојство во точките на познатото, неговите гласни стравови и тивки победи, неговата посебност. Освен тоа, музиката треба да го следи и филмскиот јазик на раскажување на приказната, како и брзите parkour динамични промени на времето и просторот.

Со уживање гледав како композиторот на музиката Давид Ангелевски доаѓа на речиси секоја проба, ја слуша целата анализа на текстот, го гледа осмислувањето на мизансценот, ги лови спецификите со кои актерите ги бојат улогите, дури и до најситните детали во нивната интерпретација, ги снима сцените и особено монолозите и речиси со филмски пристап, во точна и прецизна минутажа, го гради звукот на претставата. Тој, пак, овојпат станува нејзин составен дел, сосема впишан во структурата, неодвоиво поврзан со секое дејство на сцената, еден вид врзивно ткиво. Музиката овде нема „свои места“ во кои ќе стане доминантна, ниту пак некогаш преминува во класичен фон. Таа е постојан дел од нарацијата, со свој длабоко потребен континуитет. Уште повеќе, таа е поттекст.

Зоја Бузалковска - режисер

license

all rights reserved

tags

about

Шарла / Sharla Records Macedonia

Independent Music Record Label from Skopje, MKD

contact / help

Contact Шарла / Sharla Records

Streaming and
Download help

Report this album or account

If you like Cudna slucka so kuceto vo nokta (muzika za teatarska pretstava), you may also like: