We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Afionovi polinja LP

by Afionovi polinja

/
  • Streaming + Download

    Includes unlimited streaming via the free Bandcamp app, plus high-quality download in MP3, FLAC and more.
    Purchasable with gift card

      €6 EUR  or more

     

1.
Plovime 04:23
2.
Zagovor 03:26
Имам меко Л И навивам за слабиот Окупаторски залак Светот така изгледа Да сум дански глумец Не играм на овој сет Со теорија Ќе го срушам темелно Ни на небо Ни на земја Рамна како кога ти си одиш Заговор Се е само заговор И на небо И на земја Само цврста рака да ме води Заговор Се е само заговор Лице сум со посебни Посебни потреби Платонска попреченост Место луксуз и бес Делете ја Направете ја нелегална Со теорија Пак ќе биде чудесна
3.
Младост ти се крие во една кутија во која си Во тебе јас во мене никој што ти нуди да излезеш И бараш љубов за која растеш да ја примаш како лавина Во тебе јас во мене никој што ти нуди да излезеш Или ти или јас Некој ќе остане Не ми кажувај дека си ти Лето е Бараш како лавина Светот е Една мала кутија Излези и играј до крај
4.
Pesna 03:40
Ко златно жолти полиња Наши плодни години А внатре само тие Срца кабасти Во добро утро Ќе ме разбуди од овој сон Во суво грло каде што и припаѓа Афионови полиња се зборови За сите мисли неиздадени од нас За еден здив и една тишина да станат глас За наши години Во ек Во бела руба таа кога доаѓа Во златно жолто никогаш не умира Памети за да не ги изневерува Да биде љубов која не завршува
5.
Полни усни во приватна дејност Колку се изгризани? Како млади во лажливо лето Vivre sa vie Едно дете во незгодно време Не трча Не подава Како израз на слободна волја Ништо не кажува А тој е мал принц и знае дека многу нешта само во глува тишина можат да се откријат И ќе чека до крај, ќе се разбуди ко Кафка Неподвижен во оклоп од апсурд и неправда Ти вети Марс Ти вети Марс Ти вети Марс, а доби... Војник на светската болка во гордост и досада А ништо... Исти луѓе, истата врева Не може да поднесе А секој збор има своја цена Исто и тишината Еден човек во незгодно време Одбива Не продава Како израз на слободна волја Ништо не кажува
6.
Под државна капа Живее човек Во него живее друг, а во него друг Обични луѓе Еден во друг Се гледаат скришно Страшен суд А душа патка Све сака да проба Обични луѓе и дрчни господа И никој не сака да чисти, а треба да се чисти Дека лепливи прсти Мора да се чисти Живот ти е тесен крој Бараш големо Фронтови, реки длабоки Сакаш судбини Изигруваш играч, а кога се гасат светла Во темна соба Знаеш дека губиш
7.
Svetlost 05:16
Да се лета на Уран Да се падне во Скопје Да те држат на ланец Да е краток ко живот Да ти кажат во лице Дека немате среќа Дека среќа е она што се раѓа со тебе Со тебе... Светлост доаѓа Светлост доаѓа во темни соби Светлост доаѓа во мрачни улици Светлост доаѓа на таа страна Светлост доаѓа не се вртете Нека падне во Бутел Центар и Хром Нека падне во Чаир Ново Лисиче Нека падне во Влае Ѓорче, Аеродром Нека падне во Ченто на Водно, Црниче Светлост доаѓа
8.
Носиш утро во себе, а утра се ладни Со труд ги грееш Не застануваш И си странец во ноќта, а ноќта сме ние Малку по малку Се помалку И си одиш на време Запад ти е ново Утро во тебе Во кое си ти И нешто ти стои, а како да не постои На патот ти е, а тоа си ти Меланхолија Како никаде да не оди Во тебе е, а ти во неа си во неа си Врати се, ќе бидеме практични Цели ден и ноќ
9.
Amateri 03:38
Астрофизика Не е за нас Познајни од ѕвездите Понекогаш сме Под мостови единство А горе коли празни се Возат по сеќавања Алгоритам е Импровизирани погледи на свет Поетски импресии од правда и страст во топла кал Ако го немаме Ќе го одиграме Бевме ли блиску? Сега веќе не Надвор сме голи Вистина е се Кога сме горе Познато ни е Бесни ли кротки ли Аматери сме
10.
Divi jagodi 03:49
Ќе се сретнеме во непознато Под чизмата на осамена ѕвезда Којотите ќе завиваат во несмасен хор Гневни на гладот и неправдата Ќе не дочекаат како во басните Со хумор под острите заби Уморни од чекање Да бидат народ Повторно Америка Ги остави сираци на истата состојба Скулптури на незапочната војна Никогаш и незавршена Меѓу митови и бомби Меѓу памук и бетон Меѓу Бог и игри О, дали си ти војник на среќата? Ќе те прашам Пред да го изведам најдобриот трик Да те спасам тебе И твоите полиња Диви јагоди
11.
Grombi 05:02

about

Afionovi polinja LP [Sharla LP/DR075] Skopje, MKD 2022

credits

released May 12, 2022

Музика и текст: Давид Ангелевски
Дизајн на омот: Давид Ангелевски
Снимено во студио ФК Градски Ѕид - Скопје во период
Јуни 2021 - Мај 2022




Пловиме >>
На бродот беа долго. Доволно за да станат синоглави, голи и брановидни во косите полни сол и сага за копно. Дека копното одамна не беше избор - купишта отпад во вид на неодговорени прашања на нивната кревка младост. Сакаа фантазмагории и лични толкувања, добија - ноуменон. Океанот ги прифати.

Заговор >>
Сакаше да ја види големата слика за Светот, иако немаше доволно пари за тоа. А немаше пари затоа што имаше душа со мирис на бекутан. Беше горд, но фрустриран. Сакаше адети и стари песни со тажна содржина. Така старееше. Светот му стануваше се подалечен, суров и презрен, точно пред неговите паднати очи, истите со кои некогаш така страсно ги гледаше продолженијата на серијалот Војна на ѕвездите. Беше Лук.

Играј до крај >>
Светот се собираше и собираше небаре голтнал апче за смалување како некој лик од старите научно-фантастични филмови. Го прошета повеќе од доволно за да го најде она што го бараше. Не го најде. Беше висок, рус, со сини очи и поглед кој оддаваше сигурност. Грижлив и со разбирање за нејзините посебни, женски потреби. Живееше во неа.

Песна >>
Полињата се весели игралишта за цветови, билки и секакви гадинки што касаат. Кога не возат тенкови, по нив се тркалаат младинци кои се откажале од општествените реформи во културата и образованието. Одгледуваат непрофитабилни култури како љубов, ут и хељда. Во вечерните часови често редат стихови под влијание на необични соѕвездија, комарци и лесни опијати. Роеви песни.

Војник на светската болка >>
Беше рак кој не ги исполнуваше очекувањата. Ни зборовите со кои умешно ги китеше добрите намери. Преумен во своите храбри визии, но преслаб да ги никне во суровота реалност. Светот му пружаше отпор, одбивајќи да ја разбере неговата мирољубива природа и наклонетост кон бесмислата на постоењето. И тогаш се сврте кон Марс. Почна да им го ветува на своите сакани, иако добро знаеше дека таму нема елементарни услови за живот без употреба на високи технологии. Беше непоправлив поет.

Мора да се чисти >>
Еднаш живееја едни луѓе што живееја во други луѓе, а тие во трети луѓе, тие во четврти и така натаму и така натаму. Се гледаа скришно меѓу себе - еден во друг. Се викаа државна администрација.

Светлост >>
Скопје е човек со неправилни црти и од. Нешто како Буковски. Ноќта е неговото време. Се спушта во вид на џиновски црн вел за да ги покрие сите историски недоследности на раскажувачот кој често излегува од главниот тек на приказната. Притоа пелтечи. Пијан. Неговите граѓани се потполно свесни за ова и затоа никогаш не ги палат светлата. Потполно им се препуштаат на неговите долги ноќни беседења полни со емпатија. Пијани.

Врати се, ќе бидеме практични >>
Исток не отпиша, Запад не не запишува. Освен тебе и твојата амбиција да бидеш виш соработник во институтот за вештачка интелигенција во Шлакенсбург. Ќе учествуваш во изработката на робот со перформанси на идеален маж, суперинтелигентен и полн со љубов и разбирање. Убав како оние од женските магазини што ги прелистуваше мајка ти додека чекаше во ред за фризура кај Жане. Со витлери и воздишки.

Аматери >>
Оние што решија да останат овде се пресреќни луѓе. Живеат без стрес и во хармонија со своите потреби. Не ги закажуваат средбите со пријателите во роковници и пијат домашна ракија додека дискутираат за важни политички теми до доцна во ноќта. Умеат да импровизираат исто како своевремено големиот Марадона кога со рака и даде гол на Англија и така стана светски првак во фудбал. Судијата не го виде тој лукав, но нечесен потег. Стана толку популарен што децата во скопските маала напорно тренираа за да бидат како него. Кога пораснаа, повеќето и станаа.

Диви јагоди >>
Птиците во градот се длабоко поделени во своите политички убедувања. Едните ги какаат спомениците кои слават една историја, другите им враќаат мило за драго истресувајќи го својот измет врз античките херои излеани во бронза. Никако не можат да се договорат. Горе високо во небесната шир постојано врти еден белоглав орел. Внимателно посматра дали ситуацијата ќе ескалира.

Громби >>
Се зборува дека на почетокот на минатиот век во подрумските простории на една зграда во центарот на Скопје работел еден бар. Во него се собирале претставници на локалниот полусвет - разни боеми, чорбаџии, прочуени измамници и белосветски ликови на пропатување во потрага по разонода. Барот бил познат по коцка, проституција и наркотични средства во големи количини - хашиш и опиум. Се блудничело до раните утрински часови. По војната, во приземјето на таа локација се отвори Громби, долги години потоа омилено место во кое скопјани купуваа штофови во секакви бои и дезени кои вредните кројачи магично ги претвораа во елегантни костими за на работа, кино или семејна вечера во некој фин скопски ресторан.

license

all rights reserved

tags

about

Шарла / Sharla Records Macedonia

Independent Music Record Label from Skopje, MKD

contact / help

Contact Шарла / Sharla Records

Streaming and
Download help

Report this album or account

If you like Afionovi polinja LP, you may also like: