1. |
Motivacionen poster
04:09
|
|||
Нов ментален отскок ме мава в мозок,
нема веќе простор за молк – то е злостор.
Многу е просто, треба само да се разбудам од сонот
- а пак е монотоно.
Јас имам една лоша навика,
не гледам разлика меѓу илузија и магија,
секоја трошка идеал спали ја,
давај нов лист хартија – аномалија.
Не ми давај име само смести епитет,
апстрактна појава што гиба интелект,
идеја што пере мозок како детергент,
психопатија со вокален инструмент.
Јас сум твојот мотивационен постер,
сакам да бидeш фејк до посер,
фрустрации ти лечам како позер,
те ослободувам од комплексот на малиот човек.
Реф.
Кажи ми до каде смеам јас да забегам,
кај да пуштам душа - да ве одебам.
Што ме кочи внатре сега јас ќе уништам,
само дај ми име за оваа тревога.
Можда то сум јас x3
Роб на својот импулс, неправилен пулс
и рамнодушност нешто плус.
Зошто да живеам живот каде не е битно
дали сум среќна или фуш?
Сакаш да го победиш злото?
Не ги гледај грото, мрзата е нивно мото.
Барам бегство од тој комфор, навидум одмор,
уствари то е злото - линија на помал отпор.
Реф.
За сите што немаат филм и се горди,
запамтете мирната вода брегот го рони.
Но ако имаш филм и го фураш свесно,
не давај ништо да те тргни од тој престол.
Запамти, јас сум твојот мотивационен постер,
сакам да бидеш фејк до посер,
фрустрации ти лечам како позер,
те ослободувам од комплексот на малиот човек.
|
||||
2. |
Zivot vo zivo
05:50
|
|||
Еден од најлесните начини никогаш нешто да не постигнете е да се трудите секогаш да бидете просечни. Најверојатно постојат многу совети за да заглавите во живот каков што не сакате, но овие се некои од најчестите кон кои луѓето најчесто се приврзуваат:
1. Секогаш им верувате на своите мисли.
2. Ги обвинувате другите за своите околности.
3. Ги земате животот и себе си премногу сериозно.
4. Секогаш сте во просек.
5. Се плашите.... од непознатото.
(ова е извадок од статија во списание - не се сеќавам од кое точно, можда беше 24 здравје)
А овде живо нема...
А овде живот нема...
А овде живо нема...
А овде живот нема...
Не сакам пропаганди и застарено кино,
Испрограмирани ставови подголтнати со вино,
не сакам лаги и се што е фино,
само сакам да видам живот во живо.
Поздрав до сите софтицирани фаци
што имаат понашање само до третото пиво.
Преку кур ми е да живеам на диво,
сакам само да видам живот во живо.
А овде живо нема (живот во живо)
А овде живот во живо (живот во живо)
А овде живо нема (живот во живо)
А овде живот нема (живот во живо)
Многу заминаа за живот да склопат,
за другите очите да си ги ископаат.
Државата пропаѓа,
а битно е „ми се допаѓа“
и први мај на кој ден се паѓа.
За германски јазик никогаш не е касно,
а пропаднати пари се да учам да свирам.
Старите велат „Ти треба перспектива,
пошто од занес и поезија нема скршен динар.“
А јас сакам да работам нешто што го сакам,
но ако не си поврзан без работа ќе акаш.
Ако имаш среќа, твоите ќе те прифатат,
ќе ти најдат било што само да не се усрамат.
- Како твојто дете ништо не работи?
Како мисли да се жени и деца да прехрани?
- Не ни сакам да се женам, зарем не ви е јасно?
- Доста синко, нема така да велиш покасно
|
||||
3. |
Samovilska prasina
05:29
|
|||
Мирисот твој ко мирисот на алкохол,
а не ми треба, мил ми е крвотокот.
Ама ти си беља,
незнам дали смеам во та сета врева
разум да барам
пошто таа врева нема да ја сменам
кога седам бледа и сета волја ќе ја снема.
Замини бесно како олуја што дува,
имај рамо за плач и некој да те чува.
Знај за пакост се потребни двајца,
ти ме држиш за срце,
а јас те држам за јајца.
Повеќе од самовилската прашина,
душа забегана, а тело како машина,
кристални очи, така те препознавам,
но веќе не те познавам.
Допирот твој ко на коприва,
со таа смелост добра комбинација,
ти само ме жариш, ама пак ќе ќариш
пошто сум зависна од твоите превари.
Ама пак ќе биде по мое,
злото само избор е...
|
If you like Zivot vo zivo EP, you may also like:
Bandcamp Daily your guide to the world of Bandcamp